| четврток, 6 декември 2018 |

Хуманост на дело: Тејлор Свифт купила куќа на бремена бездомничка

Американската пејачка Тејлор Свифт купила куќа на бремена жена која во својот осми месец од бременоста живеела како бездомник, а нејзиниот сопруг во меѓувреме останал без работа.

Долгогодишната обожавателка на пејачката по име Стефани, прекрасната вест ја дознала после настап на Свифт во Манчестер.

„Она што многумина од вас не го знаат е дека сите овие осум месеци од бременоста сум бездомничка. Загубивме се. Мојата мајка тоа и го кажа на Тејлор и ја замоли да се потруди да се чувствувам посебно на нејзиниот настап во Манчестер. Кога Тејлор се враќаше во гардеробата ми рече: Стефани, долго си во мојот живот, а никогаш ништо не си барала. Си можела да ми се обратиш и јас би ти помогнала, но ти не го стори тоа. Твојата мајка ми кажа се“, напиша Стефани.

ејлор и помогна на Стефани и на нејзиниот сопруг да купат куќа и опрема за бебето.

„Таа ми рече: „Сакам да уживате во вашето мало девојче, не морате да се грижите за тие работи“. Таа вечер ме подигна од дното. Ќе ја сакам засекогаш“, порача Стефани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top