| четврток, 6 декември 2018 |

Од утре забрана за достава на стока од 7:30 до 18 часот

Ваква беше сликата денес на терен каде екипи на МВР и претставници на Град Скопје беа во обиколка на потесното градско подрачје додека камерата на ТВ 24 регистрираше. Првиот доставувач го забележавме на булеварот 11 октомври, претставниците на МВР истиот доставувач го информираа дека од утре стапува на сила мерката со која може да биде казнет во висина од 45 евра или 25 негативни поени.

Следниот доставувач беше на Булевар Свети Климент Охридски. И нему МВР му подели информативен материјал дека доколку од утре не се почитува регулатива за забрана за достава на стока ќе биде казнет.

Од Булеварот Свети Климент Охридски се упативме кон булеварот Мајка Тереза каде регистриравме двајца доставувачи на кои сообраќајната полиција им подели информативен материјал и совети за да избегнат казни.

Градските власти ваквата регулатива ја усвоија на крајот од декември, како мерка за намалување на загаденоста на воздухот во Скопје. Забраната не важи за компаниите кои имаат сопствен паркинг туку само за тие што ги користат улиците и тротоарите на градот за товар и истовар на стоки.

„Денеска имавме акција со полицијата, вршевме мала инспекција низ градот да видиме дали се почитува новиот закон и новата регулатива за доставувачите на стока. Имавме некои застанувања, денес претежно беа предупредени, но од утре ќе се почне и со казни“, вели Ваљон Салиху – портпарол на Град Скопје

Дозвола за достава на стока е возможно во период од 18 часот па се до 7 и 30 часот, со запирање и паркирање не подолго од 15 минути.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top