Првпат по подолго време постои политичка волја кај Атина и Скопје за решавање на спорот со името и 2018 година е година на можност за решавање на ова прашање, изјави во разговорот за регионалната телевизија N1 емитуван во четвртокот заменикот на државниот секретар на САД за Југоисточна Европа, Хојт Брајан Ји.
Во интервјуто Ји вели дека има придвижување во регионот на западен Балкан со влегувањето на Црна Гора во НАТО и со смената на власта во Македонија.
„Неколку земји од регионот се надеваат дека ќе се приклучат на НАТО. Не им е лесно на земјите да ги исполнат сите услови за членство, но доколку се подготвени на жртви, на тешки одлуки кое се однесуват на одбраната, но секако и на задоволување на демократските стандарди, владењето на правото и личните слободи, тие земји имаат право на избор и ниедна земја нема право да вложи вето на тоа, вклучувајќи ја и Русија“, рече Хојт Ји.
На прашањето за Македонија и нејзината шанса за влез во НАТО, американскиот дипломат го коментираше спорот за името.
„Мислам дека Македонија има прилика во 2018 конечно да го разреши прашањето за името со Грција и мислам дека првпат по подолго време постои политичка волја кај двете страни во Скопје и Атина, со што Македонија има можност да си ја оствари ова своја цела“, рече Хојт Ји.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


