| четврток, 6 декември 2018 |

Вечерва уживајте во Супермесечината

Вечерва Месечината ќе ни се чини поголема од обично. Се работи за Супермесечина, појава која предизвикува максимални плими и осеки во годината.

Тоа е млада или полна Месечина, која се појавува на најблиската точка или е на 90 проценти од максималната близина на Земјата во својата орбита. Земјата, Месечината и Сонцето се наоѓаат во иста рамнина, а Месечината е на своето најмало растојание од Земјата – стои во дефиницијата за Супермесечината која доаѓа од астрологија.

Во астрономијата оваа позиција се нарекува Перихел иако феноменот е повеќе познат по името кое ѝ го дал астрологот Ричард Нол во 1979 година. По таа дефиниција, постојат три Супермесечини во годината, но оваа вечерва ќе биде најголема годинава.

Времето кога Месечината ќе биде најблизу до Земјата ќе биде утре во 13.32 часот според нашата временска зона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top