| четврток, 6 декември 2018 |

Луѓето во паника истрчувале на улица – силен земјотрес ја погоди Црна Гора, а ги исплаши и Скопјани

Земјотресот е регистриран во 11 часот и 46 минути, со епицентар во близина на Плав, на оддалеченост од 60 километри од главниот град Подгорица и на 30 километри од Пеќ во Косово, објави Сеизмолошкиот завод во Црна Гора.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од пет километри, пренесе Радиотелевизија на Црна Гора.

Силното придвижување на почвата се почувствувало во Подгорици. Земјотресот предизвикал паника меѓу населението во Плав, Андријевац, Беране, Подгорица и други градови.

Земјотресот бил почувствуван и во југозападна Србија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top