„Неделата на гордоста“, која се организира како симболично одбележување на бунтот Стоневал, како и во чест на 27-ми јуни, интернационалниот ден на гордоста на лезбејките, геј мажите, бисексуалците и трансродните луѓе, започнува денеска и во Македонија, во организација на коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ и „ЛГБТ Јунајтед “во соработка со „ЛГБТИ Центарот за поддршка“ и „ЛезФем“.
Неделата на гордоста вклучува неколку настани, дебати и филмски проекции поврзани со различни прашања кои ги тангираат ЛГБТ луѓето во Македонија.

На Фејсбук пак, од специјално направен профил наречен „Еден татко, една мајка“ се организира „Контра геј парада“ со протест кој ќе започне во 14 часот пред Соборниот Храм во Скопје, а групата која е најавена дека ќе присуствува, веќе во 15 часот ќе се упати прво кон Собранието, а потоа и кон плоштадот „Македонија”.

Програма за „Недела на гордоста“
На 22 јуни, сабота, во 18 часот, во „ЛГБТИ Центар за поддршка“ (Стара Чаршија) ќе се одржи проекција на кратки видеа за транс луѓето во Македонија и дискусија на тема „Здравтсвени права на транс лицата“.
На 24 јуни, понеделник, во 13 часот во хотелот „Арка“ ќе се одржи дискусија со претставници на Парламентот, институции и граѓански здруженија на тема „Дискриминација и говор на омраза врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет“
На 25 јуни, вторник, во 18 часот во ГЕМ клуб ќе има проекција на филмот „Како да се преживее чума“ и дискусија на тема „Загуба, гнев и активизам“
На 26 јуни, среда, во 18 часот во ГЕМ Клуб ќе има лезбејска семејна вечер, а утредента Неделата на гордоста ќе заврши со забава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


