Тој го основаше „Епл Компјутери“ на возраст од 21, на 30 години пак беше притиснат да ја напушти. 12 години подоцна се враќа и го поминува остатокот од животот во ревитализација на корпорацијата која ја основаше, но и револуционизирање на комуникацијата во светот.
Турбулентниот живот на Стив Џобс ќе биде прикажан во новиот филм на режисерот Џошуа Мајкл Стрн, а привилегијата да го игра неговиот лик му припадна на 35-годишниот Ештон Качер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.