| четврток, 6 декември 2018 |

МВР демантира: На прославата на припадниците на единицата „Алфа“ немаше никаков инцидент

 

По преземањето на информација од Инфомакс, МВР испрати реакција, во која се тврди дека немало никаков инцидент на предновогодишната прослава на припадниците на единицата „Алфа“.

Министерството за внатрешни работи целосно ги демантира невистините изнесени во вашиот текст за наводен  инцидент на предноговодишната прослава на припадниците на единицата „Алфа“ во скопско Нерези. На прославата на припадниците на единицата „Алфа“ немаше никаков инцидент и во интерес на објективното информирање на граѓаните ве молиме да го објавите овој демант – се вели во реакцијата на МВР.

МВР крие: „Алфите“ се испукале на предновогодишна забава во скопско Нерези!

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top