Метеоролозите најавуваат обилни врнежи на снег – од неколку сантиметри на час, а бурата ќе биде зголемена од таканаречената „метеоролошка бомба“ – појава кога притисокот на воздухот во средиштето на бурата во 24 часа ќе падне за најмалку 24 милибари.
Навистина ретка зимска бура го погоди југоистокот на САД во текот на вчерашниот ден и после 30 години донесе снег во главниот град на Флорида, додека пак истовремено Нова Англија на североистокот се подготвува за „метеоролошка бомба“ која што се очекува да го погоди регионот денес.
Гувернерите на јужните држави Вирџинија и Флорида ги предупредија жителите да очекуваат замрзнати автопати и многу пониски температури од вообичаените кои што владеат во овој период од годината.
Гувернерот на Џорџија веќе прогласи вондредна состојба, а во некои делови од Јужна Каролина жителите веќе обезбедиле залихи на храна и ги испразниле полиците од супермаркетите.
Комбинацијата на силен ветар со ниски температури предизвикала прекин на електричната енергија на југоистокот и ги замрзнала автопатите, а со тоа го отежнала движењето на граѓаните од северот на Флорида до југот на Вирџинија. Дел од училиштата и универзитетите веќе се затворени, а на во Талахаси, Флорида бил забележан првиот снег после 30 години.
Шест американски држави од Конектикат до Мејн се поготвуваат за обилни врнежи од снег кои што се најавени за денес. Во Бостон очекуваат да наврне 30 сантиметри снег, а снежната бура ќе биде засилена од таканаречената „метеоролошка бомба“ која што се случува кога притисокот на воздухот во средиштето на бурата во 24 часа ќе падне за најмалку 24 милибари.
Не се само Соединетите Американски Држави зафатени од екстремни временски услови. Нешто поблиску до нас, поточно во Западна Европа моментално беснеат силни бури со ветрови. Бурата „Елеанор“ која што е четвртата бура која што ја зафати Европа оваа зима донесе ветрови од 160 километри на час и предизвика бројни несреќи, притоа пореметувајќи го железничкиот и авионскиот сообраќај, а во Франција едно лице го загуби животот.
Силни ветрови и дождови ја зафатија Англија, Ирска, Швајцарија, Германија, Белгија, Холандија, Шпанија и Франција каде што загинал еден скијач откако врз него паднало дрво. Досега петнаесет лица се повредени од кои четворица потешко.
Скијачките центри во Швајцарија се затворени, а над 225 илјади домаќинства во Франција останале без електрична енергија. Во Ирска исто така во текот на вчерашниот ден без електрична енергија останале 27 илјади домаќинства, а поради силниот ветер, во Париз неколку часа била затворена Ајфеловата кула.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст