Ајна Гамзатова, сопруга и советник на Ахмад Абдулаев, претседател на Духовното управување на муслиманите во Дагестан, официјално поднесе документи за учество на претседателските избори во Русија на 18 март, соопштуваат турските агенции.
Таа ќе се соочи со Владимир Путин, кој владее со земјата повеќе од 17 години.
Газзатова ги доставила документите до Централната изборна комисија на Русија на 1 јануари 2018 година. Таа е првата муслиманка која се кандидира за претседател на Русија.
Позната како сопруга на дагестанскиот муфтија, Гамзатова е член на Унијата на руски новинари и главен и одговорен уредник на републиканското списание Ислам.
Досега се познати кандидатурите на ултраконсервативниот политичар Владимир Жириновски, кандидатот на комунистите Павле Грудинин и познатата телевизиска водителка Ксенија Собчак.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст