| четврток, 6 декември 2018 |

Работи кои порано биле бесплатни, а денес се наплаќаат

Во последните неколку години, веројатно и поради се поголемата криза, многу е помал бројот на бесплатни работи во светот. Постојат работи за кои денеска плаќаме, а порано биле бесплатни, еве некои од нив.

1. Авионски услуги

Носење на багаж, гледање на филмови за време на лет, храна вода и слично. Сите овие работи порано при летање со авион најчесто биле бесплатни. За жал, денеска тоа не е така, па често се наплаќа и шише вода.

2. Испорака на храна

Некогаш била бесплатна, меѓутоа денеска многу ресторани ги наплаќаат услугите за доставување на храна до вашите домови. Обично станува збор за мала сума на пари, но сепак. Поради тоа, ако сакате да заштедите, при порачување на храна прашајте дали доставата е бесплатна.

3. Банкарски услуги

На надоместоците за банкарски услуги денеска им нема крај. Поради тоа, пред да донесете одлука околу отворање на сметка во одредени банки, добро се информирајте околу тоа кои услуги им се нудат бесплатно на клиентите, а кои се наплаќаат.

4. Телевизија

Да, во минатото во светот и телевизијата била бесплатна. Иако тоа се вршело со телевизиска антена, сепак програмите биле бесплатни. Денеска, иако локалните програми и понатаму се бесплатни, повеќе од 100 милиони американски домаќинства плаќаат за пристап до сателитски програми, во просек околу 50 до 75 долари месечно. За да заштедите, добро погледнете кои оператори што нудат и одберете го најповолниот.

5. Вести

Иако голема количина на вести на интернет порталите и понатаму се бесплатни, сепак околу 20 отсто од американските весници им наплаќаат на корисниците за пристап до нивните дигитални содржини.

6. Отстранување на ѓубрето

Отстранување на ѓубрето од домовите е услуга која Американците ја плаќаат, па тие трошоци им биле вклучени во даноците за имот. Меѓутоа, во некои зони и тоа се променило, па некои сојузни американски држави сега посебно наплаќаат надомест за отстранување на ѓубре.

7. Услуги на бензинските пумпи

Многу одамна, на бензинските пумпи работеле службеници кои наместо вас точеле гориво во вашиот автомобил, и тоа потполно бесплатно. Денеска, таа услуга не постои.

8. Надоместоци за дополнителни услуги во училиштата

Некои училишта започнале и со наплаќање на надоместоци за паркинг, фитнес, па дури и здравствени услуги. Покрај тоа, некои од јавните училишта и факултетите одлучиле да наплаќаат и дополнителни активности и курсеви, а во некои училишта значително пораснала и цената на излетите.

9. Информации за броеви

Услугата околу информации за телефонските броеви некогаш била бесплатна, но сеган е така. За да го избегнете трошокот од оваа услуга, користете телефонски именик.

10. Плаќање на сметки преку мобилен телефон

Технологијата напредува, па денеска своите сметки можеме да ги плаќаме преку мобилен телефон. Меѓутоа, лукавите оператори не пропуштаат прилика да заработат, па почнале со наплаќање и на оваа услуга.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top