| четврток, 6 декември 2018 |

Граѓаните спречени да пријавуваат неправилности во здравството

Веб страницата за пријавување на неправилности на министерството за здравство не функционира со денови. Граѓаните веќе подолго време не се во можност да се обратат до министерството и да посочат одреден проблем со кој се соочиле, да дадат предлог, поплака или пофалба за работењето на здравствената установа.

А само пред неколку дена, новиот министер за здравство Венко Филипче најави дека дел од приоритетите на министерството ќе биде токму електронскиот здравствен систем или е-здравствен систем.

Тој во изјава за медиумите, нагласи дека во земјата има 114 јавни здравствени институции кои се без никаква комуникација меѓу себе, но притоа, заборавајќи да ја спомне “лошата” комуникација помеѓу граѓаните и министерството за здравство.

Со ваква електронска мерка се унапредува непосредната комуникација на пациентите со јавните здравствени установи во насока на градење пациент-центричен здравствен систем, што претставува воспоставена практика во многу држави во Европа и светот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top