Меѓу се поалармантните вести од Иран, каде масовните протести траат од минатата година, се појавила снимка која најдобро го опишува тоа што се случува во една од најголемите земји на Блискиот исток.
Може да се види жена која во Техеран го извадила хиџабот и го врзала на стап, се качила на платформа и го веела како знаме. Инаку, во оваа земја носењето на хиџаб е задолжително.
Не било секогаш така – Иранките слободно се облекувале во времето на авторитарниот, но секуларен шах Резе Пахлави, но по Исламската револуција во 1979. година и доаѓањето на исламистичкиот режим со елементи на демократија, со закон биле наметнати многу прописи од исламското шеријатско право. Како што е добро познато, Исламската република Иран има верска или “морална” полиција која патролира по улиците и опоменува, наплаќа казни или апси жени кои не се доволно покриени.
#IranProtests: Hundreds of thousands across #Iran chant "We don't want Islamic Republic!" & "Clerics shame on you, let go of our country!" Woman in video took off her #Hijab to protest Islamic dress code imposed on Iranian women since 1979. #IStandWithHer pic.twitter.com/CHNwrTsWPA
— Mark Vallen (@mark_vallen) December 29, 2017
A picture is more than 1000 words. #IranProtests #IranianProtests #IranianProtest #IranUprising pic.twitter.com/D0XLckXaLA
— 🌹अटल बिहारी बाजपाई 🌹 (@Atal_jii) January 2, 2018
Непознатата девојка која го извадила хиџабот сигурно знаела какви последици ќе има овој израз на отфрлање на исламистичкиот патријархат. Арман Наваби, ирански репортер кој прв ја објавил снимката, подоцна на Твитер напишал дека жената е уапсена и притворена.
“Местото каде што таа стоела во Техеран сега е прекриено со цвеќе”, додал тој.
Како што за CNN објаснила Алиреза Надер од RAND корпорацијата во Вашингтон, многу важен аспект од протестот се токму женските права: “Жените во Иран се високо образовани. Вклучени се на пазарот на работна сила, веројатно повеќе од било која друга земја на Блискиот исток, но истовремено и угнетени. Ова е дел од нивната борба за нивните слободи и права”.
За само неколку дена биле убиени 21 лице на протестите, пет припадници на безбедносните сили и 16 демонстранти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст