Oд 1 јануари претплатниците на Оне.Вип и Македонски телеком немаат пристап до каналите на Дискавери – Ти-Ел-Си, Дискавери истраги. Гледачите веќе на својата листа со канали ги немаат ниту Евроспорт 1 и Евроспорт 2, а со тоа останаа без можноста да ги следат најголемите светски спортски настани.
„И покрај нашата отвореност и добра волја за преговори мораме да признаеме дека сме изненадени и воедно разочарани од фактот што двата оператори симултано ја донеле одлуката да ја прекинат нашата долготрајна соработка и воедно да ги лишат гледачите со драстичен и ограничен пристап, со остранување на глобално најгледаниот број 1 спортски канал“, пишуваат во соопштението од агенцијата која ги поседува правата за регионално емитување на овие канали.
Тие им порачуваат на гледачите дека преносот во живо на Евроспорт е достапен во секое време, на секое место на самата платворма Eurosport Player, на линкот www.eurosportplayer.com.
Новогодишна „честитка“ од Телеком – укинати најдобрите ТВ канали, корисниците договараат протест
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст