| четврток, 6 декември 2018 |

Денес е Задушница, а утре Духовден

Овие два дена празникот е посветен на душите на умрените, затоа во пресрет на празникот од вчера попладне, како и денеска наутро, се оди на гробишта, се носи храна, а свештениците се молат за душите на покојните.

Се верува дека душите на покојните предци доаѓаат од оној свет кај своите најблиски, барајќи од нив храна, вода, но и за да ги видат.

Обичајот на гробишта е да се прочита молитвата, да се се осветат работите што се донесени, а потоа оние што дошле на гробот да каснат од пченицата и лепчето полиено со црвено вино.

Во недела пак, не се оди на гробишта, бидејќи е Духовден. Тоа не е празник на мртвите, туку празник на Светиот дух и воспоставување на црквата на земјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top