МВР и надлежниот министер молчат за инцидентот кој се случил на предноговодишната прослава која ја организирале дел од припадниците на единицата „Алфа“ во скопско Нерези.Според извори во МВР, на предновогодишна забава во ресторан во с.Нерези, скопско, се случил тежок инцидент помеѓу припадници на единицата „Алфа“ во кој биле извадени и пиштоли, по претходна физичка пресметка, пишува Инфомакс.мк
Инцидентот бил предизвикан од музичкиот избор, односно, кон крајт на прославата во ресторанот почнало да се свири албанска музика по што најпрвин дошло до вербална расправија, која прераснала во физичка пресметка, за да заврши надвор пред ресторанот. Дел од припадниците на „Алфа“ единциата посегнале по службените пиштоли, по што дошло до престрелка која за среќа завршила без посериозни последици, стои во текстот на Инфомкас.
Веднаш потоа, вмешаните во инцидентот биле повикани од командирот на единицата „Алфа“ Примислав Димовски, кој ги „советувал“ да заборават на инцидентот.
Официјалните претставници на МВР не ја потврдија случката, а во редовните билтени истата не е регистрирана, најверојатно во обид да се заташка настанот и да се избегне секаква одговорност.
извор: Инфомакс.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст