Поради бурата Елеонора, во Германија воз излета од шините, зоолошките градини се затворени, а патиштата поплавени. Во Франција околу 200.000 домаќинства останаа без електрична енергија.
Возот кој излетал од шините во близина на градот Линен во запаниот дел од Германија удрил во дрво, но, за среќа,никој не е повреден. Патиштата во близина на Дуизбург и Аугзбург во Баварија се затворени, а затворени се и патиштата кои водат до највисоката планина во Германија, Цугшпиц.
Француската компанија за снабдување со електрична енергија соопшти дека околу 200.000 домаќинства останале без струја сред бурата, вклучувајќи и 30.000 домаќинства во околината на Париз.
Силните ветрови предизвикаа проблеми со летовите на најголемиот аеродром во Париз, Шарл де Гол. Властите на аеродромот соопштија дека летовите се одложени поради мерки на претпазливост.
точка.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст