| четврток, 6 декември 2018 |

Меган Маркл и на венчавката ќе прекрши традиција

Само еден месец откако таткото на Меган Маркл изјави дека би сакал да ја одведе својата најмлада ќерка до олтарот, светските медиуми започнаа да пишуваат дека идната принцеза смислила поинаков план за својот голем ден.

Откако Меган Маркл се вери со принцот Хари, нејзиниот татко Томас Маркл за новинарите изјави дека би му била чест да ја испрати својата ќерка на венчавката, закажана за 19 мај во замокот Виндзор.

Сега се појавија информации во медиумите, кои зборуваат дека актерката сака да отстапи од традицијата и да ја праша својата мајка Дорија Регланд да ја одведе до олтарот.

„Слушнав дека Меган сака мајка и да ја испрати до олтарот, а тоа ќе биде прекрасен момент“, изјави извор близок до Меган за медиумите, кој нагласи дека идната принцеза била во многу блиски односи со својата мајка.

Од кога се дозна за нејзината врска со принцот Хари, Меган повеќе пати во јавноста беше гледана со Дорија, додека со нејзиниот татко не беше забележана ниту еднаш.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top