| четврток, 6 декември 2018 |

Го пуштиле од затвор да се види со семејството, а тој ги претепал

Кумановец кој отслужувал затворска казна за време на новогодишните празници бил пуштен дома да се види со семејството, но место тоа, тој ги претепал, а при интрвенцијата бил повереден и еден полициски службеник

Како што информира МВР, вчера околу 14.00 часот, во дворно место од куќата на ул. „Анѓа Ранковиќ“ во Куманово, Џ.С. (33), кој бил пуштен на домашно отсуство од Казнено поправната установа Затвор Скопје, почнал расправија со неговата поранешна невенчана сопруга Н.Р. (47). Тогаш нејзиниот син Р.Р. започнал со раце да го турка Џ.С. и од масата земал кујнски нож продолжувајќи да се расправа со него. Џ.С. успеал да му го одземе ножот, а по кратко време, на местото на настанот дошла екипа од полициската станица Куманово. При обид да му го одземе ножот на Џ.С., еден полициски службеник се самоповредил, односно си нанел расекотина на дланката од левата рака.

За кусо врфеме Џ.С. бил приведен и спроведен во Казнено-поправната установа Идризово,а на повредениот полицаец, повредата  му била санирана од екипа на Итна медицинска помош.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top