Македонската пејачка Тијана Дапчевиќ неодамна на прашањето на новинарот дала крајно необичен одговор, пишува српски „Курир“.
Имено, дамата позната по остриот јазик и раскошниот глас, изговорила неколку реченици на сметка на хрватската пејачка Северина Којиќ, но не сме сигурни дека на убавата сплиќанка истите ќе и се допаднат.
На Тијана Дапчевиќ не ѝ се допаднало кога ја прашале да го искоментира работењето на својата колешка Северина, поради што веднаш почувствувала потреба работите да ги постави на свое место и да им објасни на сите дека тие не биле, ниту ќе бидат колешки.
Кога новинарите ја запрашале Тијана, која поради неодамнешното учество во ТЛЗП е во центарот на вниманието на јавноста, за мислење за колешката Северина, таа се „збунила“.
– Како тоа моја колешка? Дали таа завршила Музичка академија? Не завршила. Како тогаш може да биде моја колешка – истакнала популарната Тијана.
Сепак, малку подоцна Тијана ја пофалила Северина.
– Таа, пред се, е одличен забавувач, а не пејачка – заклучила Тијана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст