| четврток, 6 декември 2018 |

Роуд- шоуата на владата продолжуваат во Аргентина и Бразил

g_invest-in-macedonia2И годинава ќе продолжат вадините роу-шоуа преку кои ќе бидат претставени можностите за инвестирање во земјава пред заинтересираните странски инвеститори.
Потрагата по инвеститори не сопира, иако по силното темпо од роуд-шоуа лани, годинава некако се очекуваше, наместо гости, повеќе да сме домаќини чекајќи ги инвеститорите да ни дојдат. Како што се претпоставуваше, новите роуд-шоуа ќе стартуваат по локалните избори, односно од крајот на април, пишува “Утрински“.
Први на листата за посета се двата јужноамерикански економски тигри Бразил и Аргентина. Всушност, за економскиот бум во Аргентина може да се каже дека целосно спласна. Иако се сметаше дека оваа земја банкротот го замени со бум, сега повторно сликите од Аргентина се демонстрации поради нова криза.
Аргентинската претседателка Кристина Кирхнер се обидува да ги прикрие состојбите во домашната економија како и заканата од нова, длабока економско-финансиска криза, но сепак тоа не и’ успева најдобро. Со масовни демонстрации Аргентинците ја повикуваат Кирхнер, наместо со Фокландите, да се занимава со аргентинските состојби и со влошените економски состојби, поради значителниот скок на инфлацијата, растот на корупција и криминалот.
Само за една година, како што пишува “Утрински“, економскиот раст во земјата е намален за повеќе од 50 отсто, а инфлацијата достигна до 24 отсто и е најголема во Јужна Америка. Независни економски експерти тврдат дека ситуацијата е уште полоша отколку што официјално се прикажува. Тие велат дека домашната економија за 2012 ќе покаже раст од едвај 1,5 отсто, во споредба со преку 8 отсто во 2011 година.
За разлика од Аргентина, втората најголема латиноамериканска економија – Бразил, каде што е исто така дама на чело на земјата, Дилма Русеф, важи за економски тигар. Економијата на Бразил забележува високи стапки на раст, во просек од околу четири отсто, а се очекува оваа стапка на експанзија да се задржи и годинава, но и во 2014 година.
И оваа земја минатата година мораше да преземе мерки за поддршка на бразилскиот индустриски сектор, кои дадоа резултати. Владата лани воведе и повисоки даноци за автомобили со увозни компоненти, а за успех се смета и поевтинувањето на бразилскиот реал во однос на американскиот долар за 10 отсто. Експертите сметаат дека бразилската економија е значително подинамична поради одржливата потрошувачка и ниската невработеност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top