| четврток, 6 декември 2018 |

Томовски и Крстевски отпаднаа од репрезентативниот состав

Подготовките за европското првенство во Хрватска продолжија и тоа во скратен состав. Раул Гонзалес реши дека пријателските дуели во Србија ќе ги одигра со 19 ракометари.

Отпаднаа голманот на Металург Мартин Томовски и средниот бек на Еурофарм работник, Горан Крстевски. Томовски е најмлад меѓу четворицата голмани, Крстевски исто така до лани младински репрезентативец, па својата шанса ќе ја чекаат во иднина.

Секако, ова не е конечна одлука која мора да важи и за првенството во Хрватска, но штом Раул ќе тестира без нив двајца малку е веројатно дека ќе добијат шанса и во Загреб.
Денеска и утре селекцијата тренира во скратен состав, а в четврток веќе треба да биде во Белград, за мечот со Саудиска Арабија. В петок играме со Србија.

По двете контроли ќе останат уште пет дена во Скопје за апсолвирање на прикажаното и за корекции во играта. Првиот натпревар на ЕП, со Словенија, го играме на 13 јануари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top