Првото бебе во Новата 2018 година во Охрид се роди денеска и е машко.
Доктор Мимоза Влаши, гинеколог акушер при Гинеколошкото одделение во охридската Општа болница истакна дека мајката Катерина Глигороска и новороденчето се во добра општа состојба. Глигороска е мајка на уште две деца.
– Спонтано породување, бебето е со тежина од 3.520 грама и 51 сантиметри долго. Денес имаме и второ новороденче, женско, повторно од мајка која има уште две деца, донесено на свет со царски рез и е во добра состојба. Целиот тим им посакува на новороденчињата добро здравје, среќа и долг живот, рече Влаши.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст