По барање на граѓаните, 2 јануари да биде неработен ден за сите граѓани на Република Македонија, од Министерството за труд и социјална политика велат дека за таква одлука важни се мислењата на работидавачите и работниците.
„Во изминатиот период во врска со Законот за празниците на РМ многу често се поведуваа прашања во насока дека тие се многу на број, дека треба да се дополни со неработни денови за други националности итн. Работодавачите често укажуваат дека има многу празници. За да може да се пристапи кон какво било решение, ќе треба прашањето да се отвори и да се разговара со претставници на работодавачите и претставници на работниците и, секако, да се разгледаат меѓународните искуства за бројот на неработни денови. Потоа ќе може да се пристапи кон предлог во кој ќе се согледа и можноста дали 2 јануари да се смета како неработен ден“, соопштуваат од Министерството за труд и социјална политика.
Во 2007 година законот за празниците беше променет и втори јануари беше прогласен за работен ден, но беа додадени нови празници како неработни денови. кога 2 јануари беше прогласен за работен ден, а беа додадени низа нови празници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст