Telekom MK ги укинал Еуроспорт. Без збор, така, од сега нема да имате Еуроспорт. Нема врска дека на 1 јануари пола свет гледа 4 скокалници, кој не врти, не сме муштерии, стока сме. И кога им пишав ми одговориле:
Здраво Михајло,има одредена програмска промена и од сега за вас ќе бидат достапни нови интересни ТВ канали, како и други сосема нови содржини кои искрено се надеваме дека ќе го привлечат вашето внимание и дека ќе ви се допаднат. Поздрав, секое добро
Тие интересните се голф канал и Арена (нешто што имам и плаќам со годи). И кога се обидов да им вратам назад, ме блокирале да не коментирам. 10 години имам Макс ТВ, абе некој од мене да купуваше нешто секој месец 10 години, златен саат ќе му пратев.
Ова е само еден од многуте коментари на социјалните мрежи преку кои кориснците на услугите на Телеком негодуваат за „новините“ што ги воведе овој оператор. Имено, од 1 јануари се исклучени повеќе канали, меѓу кои и Еуроспорт 1 и 2, Discovery, Tlc, Id extra, Animal planet, а наместо овие канали на корисниците им се на располагањеСпорт клуб Голф, БиБиСи, Женска ТВ… Ваквата промена Телеком ја направи без никаква најава. Едноставно од 1 јануари на местото на овие канали се отвора натпис „Содржината не е достапна“. Телеком на Фејсбук не заборави да ја честита Новата година, но и корисниците не заборавија да им испратат честитки полни со револт.
Што ни честитате бе Нова година? Како не Ви е срам да тргате канали за кои дебело Ви плакаме? Сте набутале само српски канали А Дискавери ?,А Еуриспорт,? Под итно да вратете она за што сме ВЕ ИЗБРАЛЕ .,Во спротивно , откачени сте Брука и срамота, Професионализам ЗЕРО – стои во една од реакциите.
Луѓе ова мора да го подигнеме на ниво на протест.! Да се организираме пред телеком со транспаренти, нека снимаат тв екипи ќе чујат дури до дојчетелеком!. Телеком мк, излезете јавно и кажете дека ќе ги вратите еуроспорт и дискавери, во спротивно ќе откажеме договорите – вели друг корисник.
Која честитка море, срамота е бе да ги тргнете Еуроспорт и Дискавери а ни пуштате треторазредни канали кои никогаш нема да ги погледнам…знаете ли вие дека сите љубители на зимски спортови се ускратени за можноста да следат, а за зимска олимпијада да не зборуваме…што ви е вам бре…Враќајте ги под итно , инаку ќе се прашам дали ќе обновам договор со вас…еееееј кое време е…дно сте…без Дискавери и Еуроспорт у понуда а пази основни канали се, а они ми пуштилен Ск голф…имате ли ум ? – коментираат револтиран корисници.
Сега се јавив во Телеком, девојката што се јави рече дека на територија на цела Македонија нема, никој оператор нема, не бил обновен договорот не слушнав добро која агенција е одговорна. Значи на повисоко ниво да реагираме дали до АЕК или не знам некој ако има идеја! – вели една корисничка, на што реагираат корисници на социјалните мрежи кои велат дека на Телекабел и Тотал ТВ овие програми се достапни.
Пред три години тогашниот директор на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) Роберт Орданоски изјави дека листа со сите телевизиски програми ќе мора да содржи секој претплатнички договор што ќе се склучи меѓу корисник и кабелски оператор, ИП оператор или оператор на дигитална телевизија.
–Ако операторот исклучи некој од наведените програми, корисникот ќе има право да го раскине договорот без никакви пенали – рече тогаш ордановски најавувајќи ги измените што се предвидуваат со новиот Правилник за општи услови што го усвои АЕК.
Тој зборуваше дека во моментот кога ќе потпишете претплатнички договор со некоја кабелска или со некој друг комерцијален провајдер тој се обврзува на листа на канали кон крајниот корисник, што подразбира дека треба да ги обезбеди и авторските права. Ако тоа не е обезбедено во тек на траењето на претплатничкиот договор корисникот може веднаш да го раскине договорот. Ова беше најавено како крај на можноста телевизиските оператори да ја менуваат содржината, нешто што деновиве се случува и со ВИП и со Телеком.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст