| четврток, 6 декември 2018 |

Повторно голем пожар во Њујорк – повредени 9 деца

На само неколку дена по пожарот во кој загинаа 12 лица , нов голем пожар го погоди предградието Бронкс. Најмалку 16 лица се повредени, од кои 9 деца во пожарот што изби попладнево во зграда во Бронкс. Ниеден од повредените не е во животна опасност. Над 200 пожарникари се обидуваат да го спречат ширењето на огнот , што избил во четирикатница , во која на приземјето има и продавница за мебел.

Повеќе од 2 часа пожарникарите на минусни температури го гаснат пожарот . Причините за избувнување се уште не се познати. Станарите рано утрово биле разбудени од викањето на една од сосетките што ги алармирала дека зградата се запалила.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top