Новата година во САД започнала со екстремни студови, а неколку смртни случаи се поврзуваат со изложеноста на студот.

Во Чикаго било премногу студено и за оние кои за Нова година традиционално скокаат во езерото Мичиген. Тие сега само се фотографирале во костими за капење покрај замрзнатото езеро.
Опасно ниските температури зафатиле уште неколку држави на американскиот Среден запад, вклучувајќи и делови од Канзас, Мисури и Небраска, како и Ајова, Минесота, Јужна Дакота и Северна Дакота.

Во Небраска температурите за новогодишната вечер се спуштиле до минус 26 степени, со што е урнат рекордот од 1884-тата година. Во градот Омаха бил одложен новогодишниот огномет, кој привлекува десетици илјади луѓе.

Во Де Моин, во Ајова, било уште постудено, минус 29 степени, па затворено било лизгалиштето во центарот на градот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


