Лилјана Петровиќ, поранешната менаџерка на Тоше Проевски, ги демантира шпекулациите дека повторно почнала да работи како менаџер на млад пејач. Таа во интервју за босанскиот магазин „Азра“ проговори по 10 години молк и целосна повлеченост од медиумите.
Таа открива и како изгледа нејзиниот живот по смртта на Тоше.
-Последните 10 години се обидувам да научам достоинствено да се носам со тагата, да бидам подобар човек отколку што сум. Многу работам и се трудам моите дела да зборуваат за мене – вели Лилјана во интервјуто.
Со прераната смрт на Тоше никој не може да се помири. Медиумскиот линч беше голем и се бараше виновник за неговото прерано заминување. Петровиќ открива како го преживувала тој период.
-Работејќи со Тоше сите тие години, научив да се носам со лоши луѓе, со невистини кои ни тогаш не не штедеа, па не ме изненадува ни што се случуваше по неговото заминување. Разбирам дека тоа е огромна загуба, голема болка, ама не разбирам притоа да не ја почитуваат и туѓата болка. Се чувствував како давеник во море кој сите го туркаат надолу само за тие да дојдат до здив, за ним да им биде полесно. Тагата и болката што јас ги доживеав можат да се споредат само со тагата на неговото семејство, бидејќи само нивната болка е поголема од мојата – открива Лилјана.
Таа вели дека нема потреба да оди во Крушево.
„Јас Тоше го носам во срцето. Тие сеќавања и чувства се само мои и немам потреба да ги делам, како што немам потреба ни да бидам видена во Крушево, ни каде било на друго место што би дало повод за пишување шпекулации“.
Лилјана има плантажа со лаванди. Тоа е работата на која се посвети по смртта на Тоше.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Трагично не напушти пред 11 години: Вечерта пред загинувањето, изјави нешто што ќе ве наежи!
-
На 13 октомври ќе ги слушнеме новите песни од Тоше
-
Никогаш потажна сцена: Тони Цетински пееше за Тоше, солзи и ѕвездено небо го исполнија Сава центарот
-
Најмило мое – сестрата на Тоше ги расплака сите на денот кога би наполнил 37 години!