| четврток, 6 декември 2018 |

Внимавајте,вечерва е волчја месечина: Ноќ во која се очекува да се случи пресвртна точка за многумина

Волчјата месечина, или волчјата ноќ има големо значење во традицијата, а особено во спиритуализмот.

Тоа е ноќ во која се очекува да се случи пресвртна точка за многумина. Конечно, ќе бидете во можност да ја разјасните нерешената ситуација, и одеднаш ќе ви биде сосема јасно што треба да направите за следниот чекор.

Во спиритизмот таа означува силна интуиција и способност да навлезе во себе. Сепак, иако волкот е претежно лош лик во бајките, тој крие нешто духовно и длабоко под сериозното лице – тоа е животно со силни инстинкти кои секогаш ќе го следат, дури и кога ќе го водат по лошиот пат.

Во следниот период ќе имате и еден вид “разоткривање”. Ако вашата личност, како волк, досега била погрешно протолкувана, вистинската слика за вас ќе излезе во овие десетина дена, почнало на 30 јануари и тоа ќе трае се до крајот на неделава.

Затоа, ако имате некои планови поврзани со започнување на нова работа, или нешто ново, ова е идеален момент за негово започнување. „Волчјата месечина”, како што пренесува Си-Ен-Ен, делува дека е 14% поголема и 30% посветла од вообичаеното, а се појавува на отприлика секои 13 месеци. Како што објаснува НАСА, некои луѓе појавата на полната Месечина два пати во еден месец ја нарекуваат „син месец”, а таа појава обично се случува на секои две до две и пол години. Супермесечината претставува, според информациите на НАСА, потполно замрачување, кога Земјата, Сонцето и Месечината ќе бидат поредени во линија така што Земјата ќе ја сокрива сончевата светлина.

Поради тоа, како што се наведува, Месечината не е особено светла, но има „моќен, благ сјај во однос на нормалниот”, а НАСА наведува дека може да поприми и „црвеникава нијанса”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top