| четврток, 6 декември 2018 |

Ален и Тифа се испотепале на новогодишниот настап во Будва

Ален Исламовиќ и Младен Војичиќ Тифа за Нова година настапиле во Будва, а на крајот на настапот се испотепале во бекстејџот. Наводно, прво започнале да се караат, а потоа да се туркаат и на крајот си размениле неколку тупаници.

Црногорските медиуми се повикуваат на сведоци, кои велат дека до судирот дошло на крајот на концертот, кога пејачите се симнувале од бината, а подебелиот крај го извлекол Тифа.

Ова дополнително ги подгрева шпекулациите дека во Бијело дугме работите не се ни одблизу идеални како што изгледа.

Секогаш сум викал дека во животот сум имал двајца ментори: Даворин Поповиќ и Серѓ Блажиќ. Морам да признаам дека Горан се лути за тоа, зашто маркетиншки не е најдобар потег. Но, многу убаво работи доживеав и во Дугме, а јас сакам да се сеќавам на убавите работи. Без оглед на се, јас сум човек без влакна на јазикот: убаво беше, прекрасно и буди заборавени емоции, но пред се беше во прашање бизнис – колку пари, толку музика. Јас сум во своја приказна одамна, си имам свој пат, но не се откажувам од хипотеката на Бијело дугме, изјавил Тифа неодамна.

Се зборува дека односот на Ален и Тифа не е идеален, а Ален изјавил дека ни Бебек ни Тифа не можат да му парираат.
Да бидам искрен, Бебек не може вокално да ми парира. А ни Тифа. Знам каде сум, си ги познавам вокалните способности сега и во наредните пет години, рекол Ален и додал дека она што може тој да го отпее, Бебек може само да го свирка со уста.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top