Ноќеска во 01,55 часот во Куманово на локалниот пат за с.Проевце, се случила сообраќајна незгода во која М.С. (1994) од Куманово управувајќи патничко моторно возило „голф“ со кумановски регистарски ознаки изгубил контрола над возилото, излетал од патот и удрил во дрвен столб за пренос на електрична енергија и во оградата од куќа на ул.„Боро Соколов“.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката во возилото А.М. (1995) од с. Биљановце-Куманово, која по укажаната лекарска помош во Медицински центар-Куманово е префрлена во Ургентен центар -Скопје.
Увид на лице место извршила екипа од СВР- Куманово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст