Игор Божиновски, сопругот на Елена Доцевска-Божиновска, една од притворените за настаните од 27 април, на социјалните мрежи објави порака за Нова година во која се заблагодарува за поддршката која ја добива неговото семејство овие денови.
Елена Доцевска-Божиновска е во притвор во Истражниот затвор „Скопје“ кој и беше одреден во траење од 30 дена.
„Празници. Затворска ќелија, а во неа една добрина, неправедно заклучена. Нашите мисли и срца се со Неа. Бог да ја укрепи и да и даде сила. Те сакаме!
Безброј јавувања, пораки и гестови на искрена поддршка од луѓе, знајни и незнајни, од различна националност, вероисповед и политичка определба, се најголемиот показател и сведоштво за тоа каков човек е одделен од своето најсвето – семејството.
Благодарност од мене, Софија и Наум, а најголема од нашата Хероина Елена! Бидете живи, здрави и среќни, вие и вашите семејства“ напиша сопругот на Елена на „Фејсбук“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст