| четврток, 6 декември 2018 |

Во Истанбул уапсени 20 исламисти, засилени мерки на безбедност низ Европа за новогодишната ноќ

Полицијата во Истанбул уапсила 20 лица, од кои 15 странски државјани, поради сомнеж дека се поврзани со Исламската Држава. Апсењата доаѓаат откако во масовни полициски рации во петокот беа уапсени околу 200 осомничени исламисти.
Минатата новогодишна ноќ, во Истанбул беше извршен крвав терористички напад врз ноќен клуб во кој исламист уби 39 славеници. Турската новинска агенција Анадолија јавува дека безбедносните сили веруваат оти уапсените исламисти подготвувале слични напади. Над 37.000 полицајци ќе бидат ангажирани за обезбедување на новогодишната ноќ во Истанбул и низ Турција, а ќе бидат поставени и бетонски пречки за да се спречат напади со камиони. Засилени безбедносни мерки се применуваат насекаде низ светот. Во Лондон, градот кој во 2017 година претрпе неколку исламистички напади, полицијата најави дека ќе распореди свои вооружени припадници и дека ќе постави бетонски пречки низ граот. Во Париз се очекува дa бидат распоредени над 100.000 полицајци и војници на новогодишната ноќ. Во Берлин е поставена безбедносна зона за жените, Италија ги засили безбедносните мерки на аеродромите, а и Москва со 45 000 полицајци ќе ги чува граѓаните од можен терористички напад на најлудата ноќ, откако во Санкт Петерсбург беше уапсена група исламисти и беше извршен бомбашки напад.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top