Од актерка во американска драмска серија до членка на најмоќното кралско семејство – тоа и појде од рака на Меган Маркл, што пак, и ја донесе титулата Жена на годината според британското списание Хелоу’
Симпатична и опуштена, а истовремено доста грижлива, глумицата за кусо време го освои срцето на најпосакуваниот неоженет принц Хари, но и на целиот свет.
– Меган е поим и претставничка на новата генерација жени, кои можат се. Таа е одличен извор на инспирација – изјави биографот на принцезата Дајана, Ендрју Мортон, кој моментно работи на животната приказна на Меган Маркл.
Нејзе и успеа да и се допадне на инаку строгата кралица Елизабета Втора, така што таа годинава направи исклучок… Меган е поканета на тридневната божиќна прослава во Сандрингем, каде традиционално доаѓаат само членови на кралското семејство. Со таква почест не беа удостоени ниту Кејт Мидлтон, ниту Камила Паркер, ниту Дајана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сите ја прават истата шега за Меган на Вимболдон
-
Минатото ја следи војвотката Меган на секој чекор: Не може да избега од жешките сцени…(видео) (галерија)
-
Сега знаеме зошто мајката на Меган Маркл изгледа болно и очајно: Таа морала да го потпише ова…
-
Зошто Меган Маркл мора да се поклони пред Кејт Мидлтон?