Ослободени се сите заложници кои во пошта во украинскиот град Харков беа држени од страна на човек за кого постоеа сомненија дека на себе има експлозив, при што тој бил уапсен.
Ова го изјави шефот на украинската полиција, Сергеј Књазев, а истата информација беше објавена и на Твитер профилот на претседателот на државата, Петро Порошенко.
Претходно, украинските медиуми објавија дека пет од единаесетмината заложници биле ослободени – три жени и две деца.
Заложничката криза започна денес кога неидентификуван човек со експлозив се забарикадирал во пошта во Харков, наводно незадоволен поради неодамнешната разамена на заробеници меѓу украинските власти и проруските сили, бидејќи според него требало да бидат ослободени повеќе затвореници.
Тој немал конкретни барања до полицијата, а во текот на преговорите со него, на местото на настанот бил доведен и неговиот татко.
Полицијата го блокирала североисточниот дел од градот каде што се наоѓала поштата, сообраќајот бил во прекин, а на местото биле присутни и пожарникари и екипи на брзата помош.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст