| четврток, 6 декември 2018 |

Во Охрид се возат автомобили по пешачката патека, корнат дрва, што е следно?

На рекреативната патека од каналот Студенчишта до Горица во Охрид непознат сторител уништил дрво од дрворедот кој треба да ја разубавува патеката, објави порталот „Охридњуз“.

Според порталот, ова не е прв ваков инцидент на оваа патека. Иако сообраќајот тука е забранет, тоа не се почитува, а ниту физичките пречки не им пречат на поединци да возат во забранетата зона.

Од кога е изградена патеката од каналот до Горица евидентирани се бројни инциденти и оштетувања на јавните добра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top