| четврток, 6 декември 2018 |

Заев на Фејсбук се пофали дека е во неофицијална посета на Солун

На својот официјален фејсбук профил премиерот Зоран Заев кој е во неофицијална посета на Солун објави фотографија на која е во друштво на солунскиот градоначалник, Јанис Бутарис.

Солун прекрасен како и секогаш, пријателски град од соседна Грција. На заедничка вечера со градоначалникот Бутарис разговараме за нештата кои нѐ поврзуваат, во позитивна атмосфера. Му се заблагодарив на гостопримството и ги споделивме очекувањата за успешна 2018 година“, стои во текстот со кој е пропратена фотографијата објавена на фејсбук.

Портпаролот на македонската влада, Миле Бошњановски, претходно соопшти дека премиерот Заев за новогодишните празници ќе оди во Грција на покана на солунскиот градоначалник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top