| четврток, 6 декември 2018 |

Мицкоски: Држава без економска слобода е земја на несреќни граѓани

Држава без економска слобода е земја на несреќни граѓани, смета Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО ДПМНЕ. Тој денеска имаше новогодишно обраќање до македонски граѓани во кое се осврна на многу прашања, меѓу кои, најважни се економските.

„Економската слобода е загрозена. Таа е темелот на сите човекови слободи и детерминанта за развој на општеството. Држава без економска слобода е земја на несреќни граѓани. Недостатокот на економската слобода се решава единствено со концепт базиран на реални и конкретни чекори. Потребни се силни вложувања во капиталните инвестиции и раст од најмалку 4 отсто за да постигнеме реално и квалитетлно зголемување на стандардот. Потребни се суштински мерки во бизнисот и поддршка од државата. Невработеност под 10 осто. Неопходна е силна фокусираност на инвестициите кои ќе отворат нови работни места. Но каква е реалноста? Пензиите и платите не се зголемуваат, а просечната плата од 500 евра ја нема. БДП во првите три квартали забележува пад од 0.4 отсто – смета Мицкоски.

Според Мицкоски, проблемите во земјоделието се мултиплицираат.

„Не се само намалените субвенции, туку пазарот на земјоделски производи е изгубен. Несигурниот пласман значи загуба во заработката и неизвесност кај земјоделците“ вели лидерот на ВМРО ДПМНЕ во новогодишното обраќање до македонските граѓани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top