Таканаречениот „прелетач“ од партија во партија, пратеникот Чедомир Саздовски преку социјалните мрежи во приватни пораки се заканувал на повеќе лица, инаку претходни активисти на т.н. „шарена револуција“, објави порталот „Инфомакс“.
Како што пишува „Инфомакс“, Саздовски, лице кое благодарение на надчовечките напори на ГРОМ и коалицијата „За подобра Македонија“ стана пратеник во Собранието на Македонија, а неодамна реши да стане независен пратеник во корист на владеачкото мнозинство (се шпекулира дека оваа одлука е „подмачкана“ со 50.000 евра од неговиот пријател Заев), попладнево испраќал закани во приватни пораки преку социјалните мрежи.
Пораката ја објави поранешната новинарка Јорданка Ивановска – Јоци, а до нејзе била испратена од лицето кое ги добило заканите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст