Македонија првпат не доби покана за молитвен појадок во САД. Гласањето против САД во ООН направено без консултација со Претседателот Ѓорге Иванов, објави „Телевизија Стар“.
Како што објави телевизијата „Стар“ откако пред десетина дена се договорија за првата група од десетина амбасадори кои што треба да заминат во македонските дипломатски претставништва владата го изигнорирала претседателот Ѓорге Иванов и почнала сама да носи одлуки во кои според законот и уставот ингеренции има и врховниот командант.
На гласањето Македонија беше меѓу 128 држави кои што се спротивставија на САД по што земјава не е поканета на приемот за земјите пријатели на Америка кој што треба да се одржи на 3 јануари.
Шефот на државата Иванов воопшто не бил прашан за начинот на кој што треба да гласа македонскиот амабсадор во ООН каде што минатата недела земјава влезе во директен дуел против Трамп за признавањето на Ерусалим како главен град на Израел.
Претседателот Иванов воопшто не бил консултиран за чекорот на македонската дипломатија во Њујорк.
– Претседателот Иванов не беше консултиран, ниту дал инструкции по однос на гласањето за резолуцијата во Генералното Собрание на Обединетите Нации, поврзана со статусот на градот Ерусалим – се вели во реакцијата на кабинетот на Иванов.
Според владата Македонија во Светската организација гласала против САД затоа што традиционално ги следела позициите на ЕУ.
– Одлуката на Република Македонија во однос на гласањето е во насока на позициите кои ги имаа земјите членки на ЕУ, што е од суштинско значење за нашата земја бидејќи ние традиционално се усогласуваме со ЕУ по сите резолуции кои што се однесуваат на прашањето на Блискиот Исток. Ставот на Република Македонија е во согласност со нашето долгогодишно принципиелно позиционирање по однос на мировниот процес и релевантните резолуции на Советот за безбедност на ООН според кои финалниот статус на Ерусалим треба да се разреши преку преговори на двете инволвирани страни – стои во објаснувањето на Владата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Претседателот Иванов на Климатскиот самит во Катовице
-
Кина: САД ни држат нож под грло во трговскиот спор
-
На САД им се заканува тотален мрак: Руски хакери упаднале во системите на американските енергетски компании
-
Кабинет на Иванов: Вистината боли, дотолку повеќе што раководството на СДСМ е свесно за предавството коешто го нуди на македонскиот народ