Седми септември оваа година засекогаш ќе биде врежан во сеќавањето на актерката Ивана Панзаловиќ. Закрепна и планира да се врати во театарот и тоа значително посилна, а колку сака да ја заборави лузната на челото најдобро кажува самата таа кога вели: „Сметајте го тоа како повреда од велосипед”.
Првпат во јавноста по кобната ноќ откако пластичниот хирур Срѓан Цветковиќ, по шестмесечна врска со неа пукаше во актерката, а потоа изврши самоубиство.
– Ова беше најтешката година, претходните три месеци можат да се рамнат со претходните триесет години од мојот живот. Навистина беше тешка, но и поучна. Затоа што сфатив дека секој проблем има решение и дека од проблемите може да излеземе посилни.
– Лекарите ми рекоа дека мене микромилиметри ме спасиле, куршумот само ме изгребал. Ми вибрираше челната коска, а поради тоа настана хематом поради кој бев оперирана. Но ако пукнеше челната коска, не сакам ни да размислувам што ќе беше. Навистина микромилиметри ме спасија. Кога се разбудив, само го видов татко ми и му побарав кока кола и цигара. Докторите ми објаснија дека тоа е добро, бидејќи сфатиле дека тоа сум јас и за среќа, сѐ поминало без никакви последици врз телото – вели Ивана.
– Мислам дека ни Фројд не може да објасни дали сѐ се случи поради љубомора. Веројатно имало низа фактори, вклучувајќи ја и љубомората – раскажува актерката.
Бидејќи се ближи Нова година, Ивана открила што ќе си посака на полноќ:
– Оваа година го добив најскапиот подарок, тоа е животот. Нјавредното го добив, така што сега би било себично да барам било што. Благодарна сум на секој ден и не сакам ништо – вели Ивана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


