Потребно е да се одерат живи 30 прекрасни ракуни за да се направи оваа крзнена бунда, напиша на својот ФБ профил здружението за заштита на животни Анима Мунди.
Претходно, Канал 77 објави статија во која коментираше дека кожниот долг мантил или бунда, сеедно, е скапо парче облека, згора на тоа на декларацијата пишува дека крзното е од ракун.
Цената на бундата изнесува 830 евра, со попуст. Според описот од производителот, бундата е со крзно од ракун“-пишува Канал77.
Обвинителката Фатиме Фетаи е препознатлива веќе по својот модерен , но и прилично скап стил на облекување. Во некои обвинителски кругови дури се раскажува дека таа често сака да се почести со скапи модели, па не размислува многу дали да купи чанта од светски бренд, која чини и до 3.000 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


