| четврток, 6 декември 2018 |

Гром удри во авион на Визер

Авион на авиокомпанијата „Визер“ кој леташе од грузискиот град Кутаиси кон Кавала во Грција, принудно се приземји во Бугарија, откако претходно го погодил гром, соопшти аеродромот во Кутаиси.

„Авионот се приближувал кон Кавала, кога го удрил гром и бил принуден да слета на аеродромот во  Софија. Превозот на патниците од бугарската престолнина до Кавала ќе биде обезбеден од авиокомпанијата“ додава  аеродромската управа.

Според податоци на грузиска телевизија, патниците повеќе од пет часа се во Софија и очекуваат да пристигне помош.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top