| четврток, 6 декември 2018 |

Испиле пивото, па се затепале со шишињата

Ноќеска на полноќ во кафе бар во Виница, по претходна расправија, Н.В. (24) од Виница со пивско стаклено шише го удрил во пределот на главата Д. М. (20) од Виница. На Д.М. му е укажана лекарска помош во Итна медицинска помош – Виница, констатирана му е повреда – расекотина во пределот на главата, по што поради сериозноста на повредата е пренесен во Општата болница – Кочани, од каде е препратен во Ургентен Центар-Скопје. Извршен е увид на лице место од увидна екипа. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top