| четврток, 6 декември 2018 |

Се пукало во Струга – повреден маж

Четириесет и осум годишен жител на струшкото село Шум, во дворот од сопствената куќа бил повреден од залутан куршум во пределот на ногата. Од МВР соопштија дека Д. К. (48) бил пренесен во Медицинскиот центар – Струга, каде е извршена хируршка интервенција, по што е пуштен на домашно лекување. Увид извршила екипа на Полициската станица – Струга, а се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top