| четврток, 6 декември 2018 |

Русин загинал во игра со виртуелна реалност

Еден човек од Москва починал како резултат на сериозни повреди што ги примил додека шетал низ станот со очила за виртуелна реалност.

Јулија Иванова, асистент во Рускиот истражувачки комитет изјави дека човекот се сплеткал и паднал на стаклена маса со што се здобил со сериозни повреди и починал на самото место поради загуба на крв. Во моментот не се познати детали за каков уред за виртуелна реалност станува збор, ниту пак за што е користен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top