| четврток, 6 декември 2018 |

Централниот регистар ќе потроши над 100.000 евра за моторни возила

Владата продолжува со практиката на непродуктивно трошење на народните пари. Централниот регистар на Република Македонија, објави оглас за набавка на возила за над 100 илјади евра, во време кога доцни плата во голем број на државни претпријатија и државата постојано има потреба од задолжување за сервисирање на своите тековни активности.

Имено, Централниот регистар на Република Македонија денеска објави оглас на електронската страната на Биро за јавни набавки за нови моторни возила во износ од 6.254.000 денари без ДДВ. Централниот регистар ќе набави 9 патнички моторни возила и едно возило – комбе.

Неодговорниот однос со буџетот стана навика на владата. Наместо нови проекти и мерки за граѓаните и државата, наместо решавање на реалните проблеме, граѓаните се сведоци на луксузирање на владата, преку набавка на скапи коли, мебел, луксузни патувања, набавка на скапи јадења како морски плодови, лешници, ф’стаци и други апетисани.

Последно во низата расипнички трошења на власта е и денешната забава на Агенцијата на државните патишта која одлучи да се почести со предновогодишна забава со најмени кетеринг услуги, во време кога претпријатието доцни со исплатата на плати кон вработените.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top