| четврток, 6 декември 2018 |

Заев: Рашковски не фалсификува документи, има право да интервенира во одлуки на Владата

Премиерот Зоран Заев го брани секретарот на Владата, Драги Рашковски. И спооред него нема ништо спорно што интервенирал во одлуката на Владата за надзорен одбор на државното претпријатие за контрола на летање М-НАВ и ставил потпис и печат при пречкртано едно име и допишано со ракопис ново. Според Заев легитимен е потегот на Рашковски оти не тој туку службите ја сториле грешката, а Рашковски само ја поправал. Но, премиерот нема објаснување како е можно да постојат два примерока од еден ист нотарски документ едниот во владата а другиот во М-НАВ, јавува Телма.

Телма го објави документот од одлуката за именување на надзорен одбор за кој постојат сомнежи дека е фалсификат. По објавената сторија извори од претпријатието брифираат дека Владата брзала пред избори да именува надзорни и управни одбори, но кога се утврдило дека двајца од тројцата не можат да се впишат во централниот регистар поради правни проблеми, дури тогаш е интервенирано во документот. На фалсификат се сомневаше и членот на синдикатот кој првично бил напишан на документот а по тоа рачно пречкртан.

Директорите на М-НАВ се избрани од надзорниот одбор и тоа од двајца од вкупно тројца членови. Но извори од претпријатието го отвораат прашањето колку е легитимен изборот на директорите и нивните одлуки оти од двајцата членови на надзорен кој учествувале во изборот Павлов и Папеш. Папеш до денес воопшто и не е впишан во централниот регистар. Сепак според истите извори се брзало оти вакум периодот без надзорен и директори на крајот на август ќе предизвикало и проблем со исплата на плати за вработените, но и за ангажирање на осигурителна компанија што е особено битно во авио сообраќајот и контролата на летање. Телма вчера уште објави и дека еден од назначените директорите, зет на министерката за образование Рената Дескоска што фрла уште поголем сомнеж врз процесот на избор на функционери во М-НАВ, објави Телма.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top