| четврток, 6 декември 2018 |

Заев: Целта на Владата е до 2020 година да нема дете без покрив на главата

Премиерот Зоран Заев денеска беше во посета на децата од СОС Детско село и Домот за деца без родители „11 Октомври“.

„Сакаме да испратиме порака дека секој е важен, посебно секое дете“, изјави премиерот Заев.

Тој напомена дека целта на Владата е до 2020 година да нема дете без покрив на главата и кажа дека во согласност со европските перспективи, децата ќе се вклучат во семејства каде што ќе се води комплетна грижа за нив.

„Ги следиме препораките на самите институции и убедени сме дека Македонија ќе биде посреќно општество за сите доколку децата се среќни и ја гледаат својата перспектива во Македонија“, рече Заев, кој доби и благодарница од СОС Детско село.

Директорките на СОС Детско село и на Домот „11 Октомври“ изразија надеж дека Владата ќе донесува одлуки во вистинска насока за грижа на овие деца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top