| четврток, 6 декември 2018 |

Заев: Вицепремиерското место за реформи ќе го чувам за Алијансата за Албанците

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека вицепремиерското место за реформи ќе го чува за Алијансата за Албанците, а испразнетите места на замениците-министри од оваа партија кои вчера поднесоа оставки ќе бидат пополнети после Нова година.

Одговарајќи на новинарско прашање, премиерот Заев рече дека вицепремиерското место за реформи е важно потпретседателско место.

– Потпретседател на Владата за реформи значи да го координира дури и Заев, да го координира и министерот за правда, министерот за внатрешни работи, министерот за европски прашања и другите соодветни министерства. Успешноста на реформите на една мала партија ќе и даде отскочна даска или скалило повеќе во нејзиното позиционирање, истакна Заев додавајќи дека на Алијансата на Албанците и биле дадени сериозни институции како Фондот на пензиско и инвалидско осигурување, Имотно-правната служба, Агроберзата и други.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top